Направи се Тиквеш – Кампања

ПРЕДМЕТ:

Официјални правила на Комуникациската Кампања “Напрај се Тиквеш!“

Член 1

ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ НА КАМПАЊАТА

Официјално име на комуникациската кампања е “Напрај се Тиквеш!“.

Организатор на кампањата е: ГудМуд Медиа, со седиште на ул.Мирослав Крлежа бр.51 Скопје (во понатамошниот текст Организатор).

Член 2

ЦЕЛ НА КАМПАЊАТА

Целта на оваа кампања е теренска промоција на производите на ВВ Тиквеш во угостителски објекти на територија на Р.Македонија.

Член 3

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА КАМПАЊАТА

Комуникациската кампања  ќе се одржи во период од 08.02.2019 до 23.02.2019 година.

 

Член 4

 

ОПИС НА КАМПАЊАТА

 

Член 4.1

 

Кампањата  ќе се спроведува во следните градови:

 

Скопје: 08.02.2019, 09.02.2019 и 08.03.2019;

Струмица: 28.02.2019;

Штип: 01.03.2019;

Битола: 02.03.2019 и

Кавадарци: 07.08.2019.

 

Член 4.2

Комуникациската кампања се состои од следното:

  • Секоја поединечна игра започнува во 22 часот и завршува во 23 часот на денот кога играта важи во дадениот град.
  • Секој учесник треба да се слика со своето друштво во угостителскиот објект каде што се наоѓа, при што на масата задолжително треба да има најмалку еден производ од ВВ Тиквеш АД. Притоа, не смее да има производ од било кој друг вински конкурент на пазарот.
  • Учесникот својата слика треба да ја објави на Инстаграм, да го тагира @TikvesWinery во коментар или во самата слика, како и да го тагира угостителскиот објект каде што се наоѓа во коментар, во самата слика или геолокациски.
  • По завршувањето, Организаторот по свое наоѓање избира две најдобри слики, кои веднаш се ставаат на гласање.
  • Гласањето се одвива преку Инстаграм стори и завршува во 23.30 часот.
  • Водителот ќе го прогласи победникот и ќе ја посети локацијата каде што се наоѓа истиот, при што во живо ќе се емитува и видео на Инстаграм.