Визија и вредности

„Без мисија нема цел, без визија нема одредиште, без вредности нема водечки принципи.“

Нашата визија

Како регионално упориште на пазарот за вино, се стремиме да прераснеме во активен учесник во глобалната винска индустрија, да создаваме трендови и нови стандарди во производството, продажбата и во промоцијата на вино.

Нашата мисија

Создаваме и промовираме автентични и квалитетни производи, кои го носат препознатливиот печат на ВВ „Тиквеш“. Се стремиме во целост да ги задоволиме очекувањата на нашите потрошувачи и да продолжиме да создаваме мигови за уживање и помнење.

Нашите вредности

Тие ги определуваат нашите заложби, ги дефинираат деловните процеси, раководат со донесувањето на одлуките, го одредуваат начинот на кој се однесуваме на работното место: кон колегите, деловните партнери, потрошувачите, добавувачите и кон пошироката заедница. Нашите вредности се „душата“ на нашата компанија. Суштински се и не се менуваат:

Квалитет

+

Веруваме во високите стандарди за квалитет и тие се дел од креирањето на сите деловни процеси. Квалитетот е неприкосновена категорија кога станува збор за нашите производи и услугите кои ги нудиме.

Ориентираност кон пазарот

+

Континуирано ги следиме потребите и очекувањата на нашите потрошувачи и клиенти. Тие се центарот на секоја наша активност и претставуваат основа на нашите идни деловни предлози и решенија.

Професионализам

+

За нас професионалноста и професионалното однесување подразбираат градење личен и професионален интегритет и кредибилитет, одговорно, навремено и квалитетно завршување на работните обвски и лојалност кон компанијата и нејзините цели.

Соработка

+

Сметаме дека само меѓусебна соработка и помагање ќе овозможат да ги оствариме заедничките цели, да изградиме добри деловни релации со нашите партнери и да создадеме поголема вредност и корист за сите засегнати страни: потрошувачите, акционерите, деловните партнери, добавувачите и локалната заедница.

Посветеност

+

Поседуваме вистинска страст за нашите производи и компанијата и во секој момент ги истакнуваме нивните предности. Постојано вложуваме во едукацијата на потрошувачите и клиентите и во издигнувањето на „уметноста“ на создавањето на виното.

Доверба

+

Со искрена и отворена комуникација и почит, градиме доверба во компанијата и во нејзините производи и вработени. На ваков начин обезбедуваме долготрајни партнерски односи со потрошувачите и клиентите.

Општествена одговорност

+

Делуваме како составен дел на нашето пошироко опкружување, грижејќи се и обезбедувајќи поддршка за добросостојбата на заедницата во која живееме и работиме.

Развој

+

Се залагаме за здрава работна средина во која вработените ќе имаат услови за континуирано стекнување нови вештини и знаења, размена на искуства и обезбедување личен и професионален развој. Сметаме дека секогаш има простор за подобрување и ги поттикнуваме промените кон подобро, бидејќи веруваме дека се основа за развојот на вработените и на компанијата.