
Винарската визба „Тиквеш“ нуди целосно уживање за оние кои сакаат да се нурнат во убавините на светот на виното прикажани преку историјата на визбата и прошетка низ винскиот подрум, и да го почувствуваат духот и карактерот на поднебјето со дегустација на врвните вина на „Тиквеш“. Посетителите можат да ги откријат тајните на мајсторите за вино на винарницата со најдолга традиција во овој дел од Европа и да уживаат во примамливи комбинации на храна и вино.
Винарската визба „Тиквеш“ е сместена во Кавадарци, на само 1 час оддалеченост од Скопје, 1,5 час од Охрид и 2 часа од Солун.
Посетителите можат да стигнат до нашата винарница со патничко возило или туристички автобус. Паркингот за возилата е обезбеден пред самиот влез во кругот на винарницата.



Доколку сакате следниот настан што ќе го организирате да биде лоциран во уникатен амбиент и дополнет со интересни содржини, како и уникатно ено-гастрономско доживување, разгледајте ги можностите што ги нудиме за организација на семинари и обуки за групи до 20 лица, како и на мотивациски настани за вработени, работилници и едукација за виното.
Ќе помогнеме вашиот следен компаниски настан да биде посебен со тоа што гостите ќе имаат можност да уживаат во совршено приготвена храна и соодветно избрани вина.
Нудиме можност за изработка на вино со специјална етикета со компаниско лого или дизајн соодветен за пригодата, кое ќе се служи за време на настанот.
ВВ „Тиквеш“ е идеално место и за организација на приватни настани и семејни прослави.
Опуштете се и уживајте во беспрекорната услуга и прекрасниот амбиент на нашиот атрактивен ресторан. Креативно подготвените специјалитети од домашната и интернационалната кујна ќе ги изненадат и најголемите гурмани. Во нашиот ресторан, храната ја подготвува, професионален готвач, кој тајните на врвната кујна ги совладал учејќи од македонски еминентни готвачи, но и од мајстори на интернационалната кујна и своето знаење го пренесува на тимот. Начинот на кој храната е подготвена и презентирана, ги задоволува сите сетила на посетителите што ќе изберат да поминат незаборавни моменти во нашиот автентичен ресторан.


Ви нудиме популарен сет од храна со модерен пристап на нашата кујна заедно со 3 чаши од најдобрите вина. Ќе бидете послужени со:
- Салата со пармезан, пршута и дресинг
- Свинско/пилешко филе со грилован зеленчук
- Десерт на денот
850 ден.
Ви нудиме патување низ вкусовите на Тиквешијата преку локално произведени и приготвени продукти од начиот готвач, сервирано со 4 чаши од најубавите вина. Ќе уживате во:
- Тиквешка „new age“ салата
- Филе крап од Тиквешко езеро со зелен сос
- Печени свински ребра со сос од вино и зеленчук
- Десерт на денот
1100 ден.
Вкусот на шефот преку селекција на рецепти во 4 сервирања, сервирано со селекција на 4 различни вина од Тиквеш.
- Салата со чаден лосос, рен и јајце од препелица во су вид
- Ролована риба лаврак со њоки и крем сос од блитва
- Свинско филе Велингтон со зеленчук
- Десерт на денот
1650 ден.
Кујна со премиум вкус во селкција на шефот на кујна во 5 сервирања, сервирано со селекција на 5 премиум вина од Тиквеш.
- Карпачо од телешко месо со шери домати, пармезан и сладок сос од малина
- Шкампи во кадаиф
- Лаврак во бланкет и зелен сос
- Свинско филе во сос од вргањ печурки и грилован зеленчук
- Десерт на денот
2250 ден.
Премиум вкус на мени со 7 сервирања и селекција на 7 вина од најдобрите програми на Тиквеш:
- Карпачо од морска риба лаврак/ципура
- Печен октопод во сос од пелати и рузмарин
- Филе лосос во ситрус сос
- Крем сума од целер
- Телешки медаљони во сос од црвено вино
- Јагнешко во су вид со сос
- Десерт на денот
2950 ден.
Најдобрата македонска салата е секогаш подготвена од најсвежи состојки, домати, краставички, кромид, секогаш со печени пиперки, со бело овчо традиционално сирење и маслинки, зачинето со екста ладно цедено маслиново масло и магдонос.
130 ден.
Оваа салата е најдобрата комбинација на вкусните македонски зеленчуци, вкусни сирења и модерен пристап на нашата кујна. Зелен салатен микс, шери домати, киноа, пармезан, печурки шампињони и дресинг сос од екстра ладно цедено маслиново масло, лимон, мед и сенф.
190 ден.
Кремаста салата подготвена од нашиот готвач со специјален дресинг од мед, павлака, сенф, екстра ладно цедено малсиново масло, листови од микс на свежа зелена салата, шери домати, ореви, наут, суво грозје, пржена сланина.
200 ден.
Секогаш свежо од Егејското море Ви нудиме салата од марула и рукола, шери домати, краставички, слатко – лут сос, пармезан и шкампи.
350 ден.
Селекција од најдобрите македонски традиционални сирења и кашкавали комбинирани со некои интернационални видови на сирење. 250гр.
300 ден.
Даска сервирана со свинска пршута пушено говедко филе. 150гр.
500 ден.
Најдобрите македонски сирења и кашкавали дополнети со пршута и пушено говедско филе. 150гр. сирење и 100гр. пршута и филе
600 ден.
Шкампи завиткани во традиционален кадаи, пржени на маслиново масло и зачинети со магдонос и краставички.
250 ден.
Деликатен вкус на крем сос од 3 видови на сирење прелиен на меки вкусни њоки.
300 ден.
Прочуен специјалитет од француската кујна сервиран во кремаст и мек вкус на џигер од патка -фоа гра.
350 ден.
Филе од најтрадиционалната речна риба од Тиквешкото езеро, зачинета со традиционални зачини, лук. 200гр.
250 ден.
Филе свеж лосос мариниран во специјлен сос на нашиот шеф со зеленчук како гарнир 200гр.
500 ден.
Богат вкус на рагу од авокадо со филе од лаврак / ципура 200гр.
450 ден.
Сочно свинско/телешко филе со прелов пире костен, печурки шампињони, обвиено во сува сланина и лиснато тесто. 200гр.
390/800 ден
Деликатен вкус на сочно свинско филе во сладок сос од суви црни сливи и мед. 200гр.
390 ден.
Вкус на црна чоколада и црвено вино со најсочното телешко филе. 200гр.
800 ден.
Секој ден нашиот готвач подготвува некој посебен десерт од неговато најдобро искуство Ве молиме прашајте кај напиот персонал за дневниот десерт.
150 ден.
Кремаст слатко кисел вкус на вишна и ванила
150 ден.
Сладолед од ванила - топка.
50 ден.
Леб подготвен од нашиот персонал и сервиран со специјално зачинет путер.
40 ден.
Направен по традиционална рецептура од напиот персонал. 100гр.
100 ден.
Разни апетисани. 100гр.
150 ден.
Негазирана вода 1 лит.
60 ден.
Негазирана вода 0.33лит.
50 ден.
Газирана вода 1лит.
60 ден.
Газирана вода 0.25лит.
50 ден.
Гроздов сок производ на Тиквеш 0.25лит
60 ден.
Швепс битер лемон 0.25лит
60 ден.
Кока-Кола 0.25лит
60 ден.
Кафе Еспресо
50 ден.
Кафе Макијато, Капучино
50 ден.
Чај
50 ден.
Бела Вода
950 ден.
Барово
950 ден.
Александрија Куве
400 ден.
Темјаника – Special Selection
350 ден.
Мускат отонел – Special Selection
350 ден.
Гренаш бел- Special Selection
350 ден.
Совињон бел – Special Selection
350 ден.
Ркацители – Special Selection
350 ден.
Шардоне – Special Selection
350 ден.
Шардоне - Oak Edition
380 ден.
Александрија
230 ден.
Темјаника Класик
230 ден.
Шардоне Класик
230 ден.
Траминец Класик
230 ден.
Александрија Куве
400 ден.
Rose Classic
230 ден.
Alexandria Rose
230 ден.
Бела Вода
950 ден.
Барово
950 ден.
Александрија Куве
400 ден.
Вранец – Special Selection
350 ден.
Каберне Совињон – Special Selection
350 ден.
Мерло - Special Selection
350 ден.
Каберне и Мерло - Oak Edition
380 ден.
Т’га за Југ
240 ден.
Александрија
230 ден.
1 чаша вино во пакети со дегустација 50 мл.
230 ден.
1 чаша вино во пакети со ручек или вечера 100 мл.
230 ден.
Grand Cuvee
2700 ден.
Pinot Noir
1200 ден.
Chardonna
1200 ден.

Доколку сте љубители на природата и сакате да се насладувате гледајќи прекрасни предели на кои се простираат лозја, тогаш може да одберете една од турите кои вклучуваат посета на добро познат локалитет, како по својата убавина, така и по квалитетот на грозјето што потекнува оттаму.
Нудиме можност за посета на локалитетот Барово, сместен на падините на планината Кожув, во мирот и тишината на недопрена природа. Свежината на планинскиот воздух и топлите струи од Егејот создаваат идеални услови за одгледување грозје со исклучителен квалитет. На самото место, ќе дознаете повеќе што сѐ е потребно за производство на врвно вино, а прошетката по лозјата ќе изобилува со интересни информации за одгледувањето високо квалитетно грозје.
Можете да одлучите да го посетите Лепово и да уживате во со сонце искапените ридови, каде природните елементи се споиле за да создадат неверојатни услови за одгледување високо квалитетно грозје. Прошетката низ лозјата ќе ги открие уникатните карактеристики на почвата, но и влијанието на сонцето и ветерот во создавањето на богатите вкусови на грозјето што се одгледува тука.
Турите кои вклучуваат посета на лозови насади се достапни од 15 април до 15 октомври. За нивна реализација се потребни најмалку 6 лица и неопходно е да се направи резервација најмалку 7 дена однапред. Покрај посета на лозјата, турите вклучуваат и разгледување на локални знаменитости.

Винарската визба „Тиквеш“ спаѓа меѓу ретките винарници кои нудат огромна разновидност за посетителите што ќе одберат да ја запознаат одблизу. Посетата на винарницата започнува со 30-минутна прошетка за запознавање на начинот на производство и технологијата која „Тиквеш“ ја применува во создавањето на своите уникатни вина. Современата опрема за производство ги отсликува неодамнешните инвестициски зафати и визијата за развој на винарницата, додека секој поединечен дел од дабовите буриња сместени во винскиот подрум раскажува за изминатите берби, предизвиците и успесите кои ја градат фасцинантната приказна за „Тиквеш“.
Впечатоците од посетата се комплетираат со дегустација на вината во ресторанот, сместен во подземниот дел од винарницата, каде тимот на „Тиквеш“ ќе ве води низ магичниот свет на вкусови на врвната кујна и вино, идеално споени за заокружување на ова уникатно доживување.