Тура низ винаријата и запознавање на процесот на преработка

Тура низ винаријата и запознавање на процесот на преработка

Винарската визба „Тиквеш“ спаѓа меѓу ретките винарници кои нудат огромна разновидност за посетителите што ќе одберат да ја запознаат одблизу. Посетата на винарницата започнува со 30-минутна прошетка за запознавање на начинот на производство и технологијата која „Тиквеш“ ја применува во создавањето на своите уникатни вина. Современата опрема за производство ги отсликува неодамнешните инвестициски зафати и визијата за развој на винарницата, додека секој поединечен дел од дабовите буриња сместени во винскиот подрум раскажува за изминатите берби, предизвиците и успесите кои ја градат фасцинантната приказна за „Тиквеш“.

Впечатоците од посетата се комплетираат со дегустација на вината во ресторанот, сместен во подземниот дел од винарницата, каде тимот на „Тиквеш“ ќе ве води низ магичниот свет на вкусови на врвната кујна и вино, идеално споени за заокружување на ова уникатно доживување.