Специјализирани тури со посети на лозје

Специјализирани тури со посети на лозје

Доколку сте љубители на природата и сакате да се насладувате гледајќи прекрасни предели на кои се простираат лозја, тогаш може да одберете една од турите кои вклучуваат посета на добро познат локалитет, како по својата убавина, така и по квалитетот на грозјето што потекнува оттаму.

Нудиме можност за посета на локалитетот Барово, сместен на падините на планината Кожув, во мирот и тишината на недопрена природа. Свежината на планинскиот воздух и топлите струи од Егејот создаваат идеални услови за одгледување грозје со исклучителен квалитет. На самото место, ќе дознаете повеќе што сѐ е потребно за производство на врвно вино, а прошетката по лозјата ќе изобилува со интересни информации за одгледувањето високо квалитетно грозје.

Можете да одлучите да го посетите Лепово и да уживате во со сонце искапените ридови, каде природните елементи се споиле за да создадат неверојатни услови за одгледување високо квалитетно грозје. Прошетката низ лозјата ќе ги открие уникатните карактеристики на почвата, но и влијанието на сонцето и ветерот во создавањето на богатите вкусови на грозјето што се одгледува тука.

Турите кои вклучуваат посета на лозови насади се достапни од 15 април до 15 октомври. За нивна реализација се потребни најмалку 6 лица и неопходно е да се направи резервација најмалку 7 дена однапред. Покрај посета на лозјата, турите вклучуваат и разгледување на локални знаменитости.