Ние Организираме

Ние организираме

Доколку сакате следниот настан што ќе го организирате да биде лоциран во уникатен амбиент и дополнет со интересни содржини, како и уникатно ено-гастрономско доживување, разгледајте ги можностите што ги нудиме за организација на семинари и обуки за групи до 20 лица, како и на мотивациски настани за вработени, работилници и едукација за виното.

Ќе помогнеме вашиот следен компаниски настан да биде посебен со тоа што гостите ќе имаат можност да уживаат во совршено приготвена храна и соодветно избрани вина.

Нудиме можност за изработка на вино со специјална етикета со компаниско лого или дизајн соодветен за пригодата, кое ќе се служи за време на настанот.

ВВ „Тиквеш“ е идеално место и за организација на приватни настани и семејни прослави.