Вински Туризам

Винарската визба „Тиквеш“ спаѓа меѓу ретките винарници кои нудат огромна разновидност за посетителите што ќе одберат да ја запоснаат одблизу најголемата и најстарата винарница во овој дел од Европа. Посетата на винарницата започнува со 30-минутна прошетка за запознавање на начинот на производство и технологијата која „Тиквеш“ ја применува во создавањето на своите уникатни вина.

Ресторан Тиквеш

Опуштете се и уживајте во беспрекорниот амбиент на нашиот атрактивен ресторан. За сите што преферираат при посета на винарницата да се задржат само во ресторанот и да вкусат врвно вино и храна по сопствен избор.

Тура Бела Вода

Доколку сте љубители на природата и сакате да се насладувате гледајќи прекрасни предели на кои се простираат лозја, тогаш може да одберете една од двете еднодневни тури кои вклучуваат посета на добро познат локалитет по својата убавина.

Тура Лепово

Можете да одлучите да го посетите Лепово и да уживате во сонце искапените ридови, каде природните елементи се споиле за да создадат неверојатни услови за одгледување високо квалитетно грозје.