Вински Тури

Винарската визба „Тиквеш“ нуди целосно уживање за оние кои сакаат да се нурнат во убавините на светот на виното прикажани преку историјата на визбата и прошетка низ винскиот подрум, и да го почувствуваат духот и карактерот на поднебјето со дегустација на врвните вина на „Тиквеш“.

Секој добронамерник и љубител на вино го покануваме на фасцинантно патување низ ходниците на винскиот подрум дополнето со примамливи комбинации на храна и вино. Во атрактивниот автентичен ресторан, заедно со врвните вина на винарската визба „Тиквеш“ може да се вкусат специјалитети од традиционалната македонска кујна, како и неверојатни интернационални специјалитети.

Нудиме разновидни вински тури и опции за дегустација, со цел гостите кои го посетуваат винскиот подрум да заминат со неповторливи впечатоци. Винарската визба е отворена за посети од понеделник до сабота, од 10:00-18:00 часот. Ви препорачуваме посетата да ја најавите барем два дена однапред.

 

Адреса: ул. 29 Ноември, бр.5, 1430 Кавадарци, Република Македонија

 

Капацитет: Ресторанот сместен во винскиот подрум е погоден за организација на различни настани од затворен тип. Максималниот капацитет е 65 места за седење, односно 100 лица во коктел варијанта.


Начин на плаќање:
Плаќањето на угостителските услуги може да се изврши во готово или со платежни картички.


Менија на ресторанот
:
Ценовници



360° виртуелна тура:
Тура низ Винарската визба “Тиквеш”

За резервации и информации, Ве молиме контактирајте нè на: