vinska-edukacija

Какви вина постојат, како се дегустира и послужува виното, како се чува виното – се дел од прашањата што си ги поставил секој оној што покажал барем мал интерес за светот на виното. Кога ќе почнете да го откривате овој свет, веројатно ќе сакате да знаете што значи барик, куве, сомелиер, тероар и други слични поими од винскиот речник. И тогаш барате едукатор, кој е подготвен да ве послужи со вистинско знаење за виното.

Винската едукација е клучниот пристап на комуникациската платформа „Вредности на виното“. Овој сегмент од платформата е продолжување  на нашите долгорочни напори за подигнување на нивото на винската култура во Македонија и регионот, што како регионален лидер ја презедовме како наша обврска и одговорност. Подготвени сме да ја задоволиме жедта за знаење на сите љубители на виното. Остануваме посветени да ви го откриеме светот на виното со сите негови детали.