vino-i-zdravje

Истражување и докази

 

Влијание на умерената консумација на вино врз здравјето – истражувања и докази

Сè поголем е бројот на медицински истражувања и научни трудови во кои со научни факти е докажано поволното влијание што виното го има за здравјето. Светски познати научно-истражувачки и медицински установи едногласно се согласуваат дека виното содржи состојки кои ја унапредуваат благосостојбата на организмот. Но, тие исто така се согласуваат дека, за да се почувствуваат благотворните дејства на виното, мора да биде исполнет еден важен предуслов: уживање во виното во умерени количини.

Поволното влијание на виното врз здравјето на неговите консументи се должи на присуството на различни состојки во виното, меѓу кои се антоцијаните, танините, полифенолите. Меѓу позитивните дејства на овие состојки врз здравјето на организмот се вклучуваат:

  • Намалување на ризикот од појава на кардиоваскуларни и одредени малигни заболувања
  • Забавување на прогресијата на невролошки дегенеративни процеси како Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест
  • Подобрување на функцијата на белите дробови
  • Подобрување на мозочната активност и помнењето
  • Зголемување на имунитетот
  • Подобрување на метаболизмот и циркулацијата
  • Намалување на таложењето на мастите
  • Заштита од алергии и инфекции
  • Забавување на процесот на стареење

 

Во рамки на платформата „Вредности на виното“, ВВ „Тиквеш“ организираше стручна конференција „Влијание на умерената консумација на вино врз здравјето – истражувања и докази“, на која беа претставени научни истражувања и сознанија за здравствените ефекти на умерената консумација на вино. Конференцијата се одржа на 19.05.2016, во просториите на М6 Едукативниот центар во Скопје, а свои научни трудови презентираа истакнати домашни и странски истражувачи:

Д-р Сабина Пасамонти, професор по биохемија на Универзитетот во Трст, експерт за молекуларна исхрана чии истражувања водат кон подобро разбирање на значењето на исхраната врз човековото здравје. Taa е експерт за иновации и трансфер на знаење во областа на биомедицината и агрохраната. Прочитај повеќе

Д-р Виолета Иванова-Петропулос, вонреден професор на Земјоделскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип, доктор на хемиски науки од областа на енохемијата и енологијата. Таа има плодна научно-истражувачка работа, а член е и на уредувачкиот научен одбор на меѓународните списанија „Food Research International“ и „Journal of Food Science“. Прочитај повеќе

Д-р Клемен Лисјак, енолог и истражувач на Земјоделскиот институт на Словенија. Тема на неговата истражувачка дејност се ароматските и полифенолните профили на грозјето и виното, имплементација на нови аналитички методи и нови технологии за винификација на грозје и вино. Прочитај повеќе

Д-р Андреја Ванзо, постар научен соработник на Земјоделскиот институт на Словенија и вонреден професор на Школата за лозарство и енологија на Универзитетот во Нова Горица. Нејзината научно-истражувачка работа вклучува истражувања на примарни и секундарни метаболити во грозјето и виното. Прочитај повеќе