vino-i-zdravje

Во виното е вистината, но и нешто повеќе од тоа. Нашите предци, како и современата наука велат дека во виното има нешто многу значајно и за здравјето.

Голем број научни истражувања го потврдуваат благотворното дејство на квалитетното вино врз здравјето на луѓето, се разбира доколку се консумира умерено. Виното содржи повеќе од 1.000 состојки, од кои повеќето се докажано корисни за нашиот организам. Полезното дејство на антиоксидансите, витамините и минералите содржани во квалитетните вина е повеќекратно. Умерената консумација на вино превенира кардиоваскуларни заболувања, го намалува нивото на вкупен холестерол, ги подобрува когнитивните способности, го зголемува имунитетот и отпорноста на организмот од болести… За овие и многу други полезни дејства на виното биле свесни и нашите предци. Многубројните народни преданија, совети, рецепти, кои виното го препорачуваат како ефикасен лек за многу здравствени состојби, значајно придонеле за репутацијата на благотворен пијалак, која виното несомнено ја има.

Со цел дополнително да ја зацврстиме нераскинливата врска меѓу квалитетното вино и здравјето, значаен дел во комуникациската платформа „Вредности на виното“ посветуваме на темата „Вино и здравје“. Нашата цел е да ги промовираме научно потврдените факти за благотворното дејство по здравјето на умерената консумација на вино, а ќе понудиме поддршка и во нови истражувања, кои ќе ги збогатат сознанијата во оваа област. Наша инспирација останува фактот дека чаша добро вино е чаша полна здравје!

Kорисни состојки во виното
Присуство на благотворните состојки во виното на „Тиквеш“