vino-i-stil

Големиот Ернест Хемингвеј рекол: „Виното е една од најцивилизираните и најприродните работи на светот, која е доведена до најголемо совршенство и нуди поголем спектар на задоволство и можност за уживање од која било друга работа што може да ги разбуди сетилата“.

Виното е добро поминато време со пријателите, но и во тишината на сопствените мисли. Виното е друштво на добрата книга и на филмот што инспирира. Виното се сите убави желби на семејниот собир, но и здравиците на забавата со добра музика. Виното е енергијата после напорниот работен ден или часовите исполнети со физичка активност. Едноставно виното е начин на живот, тоа е живот со сите сетила.

Значаен дел од комуникациската платформа „Вредности на виното“ посветуваме и на убавината на животот. Целта е да ја промовираме нераскинливата врска на виното со животниот стил, да ја зацврстиме позицијата на виното како пијалак за вистинско уживање. „Врвното од Македонија“ продолжува да биде на сите места што инспирираат живот со сите сетила, продолжува да инспирира живот со стил.