vino-i-hrana

Добрата храна е поврзана со доброто вино како со ниеден друг пијалак. Едноставно е невозможно да се замисли добра храна без добро вино и обратно. Уметноста на спарување или соодветно комбинирање на виното со храната, на сите оние што ја познаваат, им овозможува едно поинакво искуство. Тоа е модерна уметност, која нè инспирираше во рамките на комуникациската платформа „Вредности на виното“ значајно место да му посветиме токму на овој инспиративен пар – вино и храна.

Виното за храната е не само добар придружник, туку и „храна“ за храната. Виното знае да биде онаа тајна состојка што ја прави разликата помеѓу вкусен оброк и оброк што се памети. Меѓу другото, зборувајќи за храната и виното, ќе се обидеме да ви откриеме како да „играте“ со моќниот зачин наречен вино, ќе се обидеме да ви ги доближиме сите вкусови што може да бидат зачинети со вино.