Вегетаријански лазањи (за 6 лица)

Потребни состојки:

  • 2 модри патлиџана (средна големина)
  • 1 главица кромид
  • 2 конзерви (од 250г) домати (пелати)
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица мед
  • 200г пармезан
  • Едно пакување лазањи
  • Сол
  • Бибер
  • Босилок (свеж или сушен)
  • Маслиново масло
  • Путер
  • Бешамел сос

Начин на приготвување:

  1. Излупете ги модрите патлиџани и исечете ги на дебели тркалезни парчиња. Обложете плитка тава со хартија за печење, посолете го модриот патлиџан  и ставете ги парчињата да се испечат во рерна на температура од 200°C.
  2. Во длабок сад, на маслиново масло пропржете го кромидот исечкан на ситни парчиња и откако ќе добие жолтеникава боја, додајте го лукот исто така исечен на ситни парчиња и пржете уште 2 минути.
  3. Додајте ги пелатите исечени на коцки. Додајте сол, бибер, мед и босилок. Гответе уште 15 минути.
  4. Во огноотпорен сад подмачкан со путер, наредете слој лазањи на дното од садот, потоа слој од сосот со домати, слој од печените патлиџани и малку изрендан пармезан.
  5. Постапката повторувајте ја додека не ги потрошите состојките и завршете со слој од тестенини.
  6. Прелијте со бешамел сос и изрендајте пармезан одозгора. Бидете сигурни дека сите листови од тестенината се добро покриени со сосот.
  7. Печете во загреана рерна 20 минути на 200°C. Откако ќе бидат готови лазањите, причекајте да се оладат пред да ги послужите.

Препорачано вино: