Тиквешки крап во бело вино и крем-сос од тиквички (за 4 лица)

Потребни состојки:

  • 2кг крап од Тиквешко Езеро
  • 200мл суво бело вино од сортата ризлинг
  • 3 чешниња лук
  • 2 тиквички
  • 100мл слатка павлака за готвење
  • Маслиново масло
  • Сол
  • Бибер

Начин на приготвување:

Крап

  1. Исечете го крапот на парчиња, посолете го и ставете го во сад.
  2. Во садот додајте бибер, вино, лук и малку маслиново масло.
  3. Прекријте го садот со фолија и ставете го во фрижидер да отстои 10 часа.
  4. Испржете ги парчињата крап на маслиново масло.

Крем-сос

  1. Тиквичките исечете ги на тенки листови и испржете ги во загреано масло.
  2. Додајте едно чешне лук, а потоа и слатката павлака и оставете ја смесата на оган додека не згусне.
  3. Ставете ја смесата во блендер и на крај сервирајте ја со испржените парчиња крап.

Препорачано вино: