Тиквешка тава (за 4 лица)

Потребни состојки:

  • 200г свинска кртина
  • 200г пилешко бело месо
  • 200г јунешка кртина
  • 500г свежи шампињони
  • 2 главици кромид
  • 300г свежи домати
  • 15 суви благи пиперки
  • 100г кашкавал (од кравјо млеко)
  • Лук, сол, бибер, мешан зачин

Начин на приготвување:

  1. Испечете го месото на скара, секој вид одделно.
  2. Запржете го кромидот во длабок сад и додајте ги сувите благи пиперки, лукот и шампињоните.
  3. При крај на пржењето, во садот додајте го печеното месо и зачинете со сол, бибер и мешан зачин.
  4. Месото ставете го во земјена тава и додајте ги ситно исечканите домати.
  5. Залијте со вода и покријте го садот со алуминиумска фолија. Печете 2 часа на 180°C.
  6. Кон крајот на печењето, додајте го кашкавалот исечен на тенки ленти и печете уште 5 минути без алуминиумска фолија.

Препорачано вино: