Телешко месо полнето со пршута и шампињони

Потребни состојки:

  • 300г телешко месо
  • 50г пршута
  • 50г шампињони
  • 1 јајце
  • 1 главичка кромид
За панирање:
  • 1 јајце
  • 2 големи лажици пармезан
  • 1 голема лажица брашно
  • сол
  • малку мајчина душичка
  • лебни трошки

Начин на приготвување:

  1. Исечете го телешкото месо на резанки и потоа со помош на кујнски чекан добро истолчете ги. Месото малку пресечете го преку жилите, за да не се собира при панирањето.
  2. Во тава пропржете малку кромид, а потоа додајте ги исечканите шампињони. По 7–8 минути, откако шампињоните ќе го намалат својот волумен, додајте ја претходно исечканата пршута и гответе уште малку. Потоа, додајте јајце и добро измешајте.
  3. Наполнете ги парчињата телешко месо со оваа смеса и прицврстете ги со чепкалки.
  4. Направете смеса за панирање од јајца, пармезан, брашно и малку мајчина душичка.
  5. Парчињата месо прво натопете ги во оваа смеса, потоа во лебните трошки. Печете на умерена температура, секоја страна од парчето по 10 минути.

Препорачано вино: