Ролувано свинско месо (за 4 лица)

Потребни состојки:

  • 1кг свинско каре
  • 200г чадена сланина
  • 200г свежи шампињони
  • 150г моркови
  • 200г спанаќ
  • 100мл бело вино
  • 100мл вода
  • 2 чешниња лук
  • Сол
  • Бибер
  • Маслиново масло

Начин на приготвување:

  1. Исечете го морковот на долги ленти и обарете го.
  2. Пропржете ги печурките и зачинете ги.
  3. Исчистете го и измијте го спанаќот.
  4. Засечете го месото по должина за да се добие површина за филување. Посолете и наросете црн бибер, а потоа исчукајте го за да стане потенко.
  5. На еден од краевите, наредете ги парчињата чадена сланина и додајте ги морковите, шампињоните и спанаќот.
  6. Завиткајте го месото во ролат и врзете го со готварски конец.
  7. Премачкајте го месото со сенф и потпечето го на скара од сите страни.
  8. Потоа ставете го во тава за печење и додајте вино, вода, лук и маслиново масло.
  9. Покријте ја тавата со фолија и печете го месото 1 час на температура од 200°C.
  10. По еден час, отстранете ја фолијата и печете го ролатот уште 10-15 мин. Сервирајте го со рестуван компир.

Препорачано вино: