Пилешко во сос од шампињони

Потребни состојки:

  • 400г пилешко филе
  • 1 лажица густин
  • 200г шампињони
  • 50мл масло
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица сечкан ѓумбир
  • 1/2 лажица сол
  • Неколку капки масло од сусам

 Начин на приготвување:

  1. Исечкајте го месото на тенки резанки и измешајте го со густинот.
  2. Исчистените шампињони исечкајте ги на тенки резанки.
  3. На загреано масло пропржете го месото и извадете го. На истото масло додајте ги шампињоните и пропржете ги. Месото вратете го во тавата со шампињоните, додајте го исечканиот лук, ѓумбир, зачин по избор, сол и промешајте добро.
  4. На крај додајте масло од сусам. Пилешкото во сос од шампињони послужете го со варен ориз и зелена салата.

Препорачано вино: