Печен крап

Потребни состојки:

  • 1 крап
  • 1 кромид
  • 1 корен од целер
  • 1 домат
  • 4 моркови
  • 1/2 китка магдонос
  • 200мл бело вино
  • 200мл вода
  • маслиново масло

Начин на приготвување:

  1. Кромидот ситно исечкајте го и пропржете го на маслиново масло.
  2. Додајте ги морковите и коренот од целер, претходно исечкани на мали кругови. Откако ќе омекнат, додајте го ситно исечканиот домат.
  3. Зачинете со сол, бибер и додајте други зачини по вкус.
  4. Со оваа смеса наполнете ја внатрешноста на крапот и затворете ја со магдоносот.
  5. Прелијте го крапот со вино, вода и маслиново масло. Се пече на висока температура.

Препорачано вино: