Печен јагнешки бут

Потребни состојки:

  • 2 кгр. јагнешки бут
  • 1 кгр. компири
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 чаша бело вино
  • 1 чаша вода
  • мешан зачин, сол, бибер, рузмарин

Начин на приготвување:

Месото измијте го и засечете го на неколку места. Посолете го со мешан зачин, сол, бибер и во местата кои ги засековте ставете лук и гранчиња рузмарин. Прелијте го со маслиново масло, чаша бело вино и чаша вода. Оставете го да отстои 2-3 часа во тавата во која ќе го печите. Пред да го ставите во рерна прелијте го месото со течноста од тавата, покријте го со фолија и печете го околу час и половина. Отворете ја фолијата, завртете го месото и додадете ги исечените компири. Тавата повторно прекријте ја со фолија и печете уште 45 минути. Пред крајот извадете ја фолијата за месото да се зарумени.

Препорачано вино: