Орада во сол (за 4 лица)

Потребни состојки:

  • 1,6кг орада
  • 2,5кг крупна сол
  • 4 белки од јајца

Начин на приготвување:

  1. Изматете ги белките со миксер и додајте ги во солта.
  2. Промешајте ја смесата и еден дел ставете на дното од тава за печење.
  3. Добро исчистете ја орадата и ставете ја врз смесата од сол и белки.
  4. Прекријте ја рибата со останатиот дел од смесата од сол и белки.
  5. Печете околу 25 минути на температура од 200°C.
  6. Пред да ја послужите рибата, скршете ја обвивката од сол, одвојте ги кожата, коските и главата и сервирајте исчистено месо. Како гарнир може да се послужат компири или друг вид зеленчук.

Препорачано вино: