Говедско Строганоф (за 6 лица)

Потребни состојки:

  • 1кг говедско месо
  • 500г шампињони
  • 250г кисели краставички
  • 400мл кисела павлака
  • 2 главици кромид
  • 2дл масло
  • 2дл бело вино
  • 1 лажичка сенф
  • Сол
  • Бибер (свежо мелен)
  • Магдонос

Начин на приготвување:

  1. Исечете ги говедското месо и киселите краставички на тенки ленти.
  2. Пропржете го кромидот додека не добие златна боја и потоа додајте го исечканото месо и пржете го 15 минути.
  3. Додајте ги шампињоните, промешајте и додајте ги киселите краставички и сенфот.
  4. По 5 минути, додајте сол, бибер и кисела павлака.
  5. На крај додајте го белото вино. Потребни се 30 минути за подготовка на ова јадење.
  6. Послужете ориз како прилог.

Препорачано вино: