Филе Мињон (за 4 лица)

Потребни состојки:

  • 4 парчиња говедско филе (со дебелина од 3см)
  • 1 главица црвен кромид
  • 1 филџан црвено вино (каберне совињон)
  • 4 филџани зеленчукова основа за супа (може и од инстант коцка за супа)
  • 1 лажица путер
  • Сол
  • Бибер
  • Маслиново масло

Начин на приготвување:

  1. Во тава загрејте маслиново масло на повисока температура. Зачинете го говедското филе со сол и бибер и ставете ги во загреаната тава да се пржат. Пржете го месото од двете страни, сè додека површината на месото не добие убава кафена боја.
  2. Парчињата месо ставете ги во загреaна рерна и печете ги уште 3-4 минути за да добиете лесно печено месо или 5-6 минути за средно печено месо.
  3. Во тавата во која се пржеле филетите, пропржете го ситно исечканиот кромид на средна температура. Додајте го виното и по една минута додајте ја основата за супа.
  4. Гответе додека не се згусне, тргнете го од огнот и додајте го путерот. На крај зачинете со сол и бибер по вкус.
  5. При послужување, приготвениот сос се прелива врз филетите. Како прилог, можете да подготвите аспарагус или друг вид зеленчук.

Препорачано вино: