Светозар Јаневски, Претседател на УО на ВВ „Тиквеш“

Светозар Јаневски

Претседател на УО на ВВ „Тиквеш“

Драг посетителе,

Виното е повеќе од само обичен производ. Виното е приказна која раскажува за почвата, сонцето, ветерот – за земјата каде е создадено, виното е приказна која ја пренесува енергијата на луѓето кои учествувале во неговото создавање.

Винарската визба „Тиквеш“ ја раскажува приказната за Македонија како винска земја уште од 1885 година. Нашата цел е таа приказна да стане „best seller“, позиционирајќи го „Врвното од Македонија“ на врвот, не само на регионално ниво туку и глобално. „Тиквеш“ го гледаме како еден од најзначајните играчи во винската индустрија во Европа и светот, и секојдневно ја вложуваме целокупната наша енергија за исполнување на оваа долгорочна цел.

Подготвени сме на светот да му ја откриеме автентичноста на нашето поднебје, да му раскажеме една уникатна винска приказна. Подготвени сме да го менуваме пазарот и навиките на потрошувачите ширум светот. Тоа е одлика на секоја компанија чија визија е да се најде на врвот.

Одржливоста е клучниот принцип на кој треба да се темели сечиј раст. Сосема свесни за тоа, со почит се однесуваме кон природата, кон луѓето кои на каков било начин се дел од нашата приказна. Остануваме посветени на секој детаљ, затоа што деталите ја прават приказната поубава.

На крајот од денот, не забораваме да уживаме, затоа што виното се прави со уживање и за уживање.

Уживајте и Вие во „Врвното од Македонија“.

Игор Илиевски, Генерален директор на ВВ „Тиквеш“

Игор Илиевски

Генерален директор на ВВ „Тиквеш“

Драг посетителе,

Глобалниот потрошувач е нашиот предизвик. Задоволувањето на вкусовите на најпребирливите потрошувачи ширум светот е нашата мотивација.

Играта со вкусовите е вистински возбудлива. Секојдневно сме посветени на создавање нови, уникатни вкусови кои не само што ќе ги пресретнат потребите на потрошувачите, туку ќе одат и чекор понапред, ќе создадат нови навики. Комбинацијата на автентичните, локални вински сорти со интернационално препознатливите е едно од нашите најсилни оружја, адут кој веќе нè позиционира на глобалната винска мапа како сериозен играч.

Таа автентична комбинација на вкусови е директна рефлексија на одличната синергија помеѓу локалната традиција во производство на вино и светските искуства претставена преку тимот на винарската визба „Тиквеш“.

Тимот на „Тиквеш“ е сериозно посветен на креирање на бренд со глобална препознатливост. Нашата определба е да управуваме со производот во целиот пазарен процес, од излегувањето на виното од нашата винарница па сè до крајниот потрошувач, каде и да се наоѓа тој. Тоа нè држи во сериозна кондиција, но таа е неопходна кога целта е висока – глобално позиционирање на нашиот бренд „Врвно од Македонија“.

И ако брендот значи додадена вредност која прави разлика, тогаш нашата додадена вредност е љубовта со која е направена секоја голтка вино.