Wine & Dine настани во регионот

Премиум вината на „Тиквеш“ беа претставени пред странските протрошувачи во регионот како дел од серијата Wine&Dine настани организирани во Софија, Загреб и Белград. Нашите премиум вина, кои се помалку познати на потрошувачите во регионот беа презентирани од Peter McCombie, Master of Wine, еден од само 369-те вакви професионалци во целиот свет. Тој е авторитет во индустријата за вино и прифаќа да претставува вино само доколку лично верува во неговиот квалитет. Затоа, неговата препорака има посебно значење и тежина.
Тој ги водеше гостите на овие настани во Бугарија, Хрватска и Србија низ комбинациите на храна и вино, специјално избрани за да ги прикажеме во најдобро светло премиум вината на „Тиквеш“. Peter е еден од најпознатите Masters of Wine, оценувач на меѓународниот вински натпревар IWC во Лондон и предавач на лондонската Школа за едукација за вино и жестоки пијалаци. Како врвен вински експерт со исклучително знаење за различни аспекти на виното и винската индустрија и богато искуство и консултантска работа за многу хотели и ресторани, Peter McCombie е значаен за промоцијата на нашите вина и има голем придонес за популаризаија на брендот „Тиквеш“ како бренд на високо квалитетни вина.