Вината на „Тиквеш“ дел од прославата на 100-годишнината од независноста на Финска

Под покровителство на „Тиквеш“ беше организиран свечен концерт на музика од прочуениот фински композитор Јан Сибелиус, а во изведба на истакнатиот пијанист Уки Оваскаинен, со кој во Скопје беше обележана стогодишнината од независноста на Република Финска.

Прославата во Македонија е дел од низа манифестации со кои во целиот свет се прославува овој значаен јубилеј на нордиската земја. Гостите уживаа во спојот на финската музика и македонското вино и храна во прекрасниот амбиент на Даут пашиниот амам. Овој настан беше одлична можност за меѓусебно запознавање на културите на двете земји и поттик за понатамошна соработка во различни области.