Стручна конференција – „Влијание на умерената консумација на вино врз здравјето – истражувања и докази“

Во рамките на платформата „Вредности на Виното“, ВВ „Тиквеш“ организира стручна конференција „Влијание на умерената консумација на вино врз здравјето – истражувања и докази“, на која ќе бидат претставени научни истражувања и сознанија за здравствените ефекти на умерената консумација на вино. Конференцијата ќе се одржи на 19.05.2016 (четврток), во просториите на М6 Едукативниот центар во Скопје, а свои научни трудови ќе презентираат истакнати домашни и странски истражувачи – д-р Сабина Пасамонти, д-р Виолета Иванова-Петропулос, д-р Клемен Лисјак, д-р Андреја Ванзо.
Веднаш по завршувањето на стручната конференција, на нашата веб страница ќе може да ги погледнете сите презентации кои ќе бидат реализирани во рамките на истата.