Нови медали за врвните вина на „Тиквеш“

На еден од најмасовните и секако најпрестижни светски вински натпревари – „Интернешенел Вајн Челинџ“ (IWC–International Wine Challenge) што се одржува во Лондон, 13 наши врвни вина освоија медали и признанија, со што го надминаа минатогодишниот успех.
На годинешниот натпревар, медали и признанија добија сите вина испратени на натпреварот. Притоа, сребрени медали освоија „Темјаника Спешал Селекшн“ 2015-та и „Каберне Совињон Спешал Селекшн“ 2014-та, а бронзени медали вината „Домен Лепово Гранд Куве“ 2013-та и „Шардоне Спешал Селекшн“ од бербата 2015-та.