Новата сезона на Македонската филхармонија отворена со вино на „Тиквеш“

Посетителите на свеченото отворање на новата сезона на Македонската филхармонија, освен во изведбата на едно од најпознатите и највиртуозни композиции напишани за пијано и оркестар – Концертот бр.1 на П. И. Чајковски уживаа и во вината на „Тиквеш“. Дино Имери на пијано, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија под диригентство на Борјан Цанев, приредија неверојатно доживување за публиката што беше присутна на концертот.