Хуманитарна акција на винарницата „Тиквеш“ по повод 130 годишниот јубилеј

Прославата на 130 годишниот јубилеј на „Тиквеш“, која се совпадна со годинешниот Фестивал на младо вино, повторно доби и општествено одговорна димензија. На настанот, „Тиквеш“ ги мотивираше гостите да донираат со тоа што за секоја донација даде подарок младо вино. Собрани беа 130.000 денари кои „Тиквеш“ ќе ги удвои со свои средства. Целата сума од 260.000 ден. ќе биде наменета за набавка на опрема и реновирање на простории во дневните центри кои функционираат во рамки на Републичкиот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост – ПОРАКА.

Со ова, „Тиквеш“ уште еднаш ја потврдува својата долгорочна определба да поттикнува и реализира проекти кои се во интерес на пошироката заедница.