Голем успех на нашите вина на China Wine & Spirits 2017

На годинешниот China Wine & Spirits 2017, најголемиот и најценетиот натпревар на вина и жестоки пијалаци на азискиот континент, што се одржува во Хонг Конг – Кина, нашето врвното тероар вино „Бела вода“ (бело) 2016 освои двоен златен медал, а црвеното „Бела вода“ 2015 златен медал. Златен медал му е доделен и на премиум виното „Гранд Куве“ од бербата во 2015-та, произведено во винарницата „Домен Лепово“.

Овие високи награди за вината на „Тиквеш“ имаат големо значење затоа што се освоени во конкуренција од над 5000 светски вински брендови кои се селектирани и оценувани од страна на претставници на најголемите увозници на вино, ресторани, хотели, специјализирани продавници и трговски ланци во Кина, кои прават нарачки од над 90 милиони шишиња вино годишно.