Ги претствуваме Viognier и Plavec – нови вина во линијата „Special Selection“

Домашните и странските вински ентузијасти имаат можност да се запознаат со два новитета во палетата врвни вина од линијата „Special Selection”. Вината произведени од сортите виоње и плавец како издвоени сорти за првпат се употребуваат во Македонија, иако се исклучително популарни во други земји.

На ваков начин ја збогатуваме линијата „Special Selection”, која претставува широка палета на вински вкусови во која секоја сорта е презентирана со своите најдобри карактеристики и во најдобро светло. Ова е одлична можност за потрошувачите да го одберат она вино што најмногу им одговара и им се допаѓа.