Фестивал на младо вино на „Тиквеш“ по осми пат

Голем број љубители и почитувачи на виното присуствуваа на првото отворање на бочвите со вино од годинешната берба во рамки на Фестивалот на младо вино во „Тиквеш“. Присутните претставници на димпломатскиот кор, на институциите, на бизнис секторот и познати јавни личности од земјава и регионот, се уверија во високиот потенцијал и одличен квалитет на виното од бербата 2017.

Иако 2017 од винските експерти и познавачи е оценета како една од најтешките години за лозарството во последните 55 години, благодарение на обемните инвестиции во технологија и иновации, како и експертизата и знаењето што ги поседуваат луѓето во ВВ „Тиквеш“, бербата 2017 резултира со вина со одличен квалитет, кои имаат потенцијал да освојат многу нови медали и високи оценки на реномирани светски вински натпревари.