Cabernet Franc Special Selection 2015 – ново црвено вино во линијата „Special Selection“

Cabernet Franc Special Selection 2015 e ново cуво црвено вино со рубин-црвена и изразени ароми на црно овошје, со ноти на црвен и црн пипер, чад и црно чоколадо. Во вкусот доминираат вишната, црвената пиперка и ликер од цреши. Потврда за квалитетот на ова вино кое  има совршено балансирани вкусови е златниот медал кој го доби на еден од најпрестижните светски натпревари за вино „Mundus Vini“ во Германија, 4 месеци пред неговото официјално претставување на пазарот.